Нов Зеланд на патот кон СП 2026 прегази пет ривали и прими еден гол!

Репрезентацијата на Нов Зеланд ќе настапи на Светското првенство (СП) во 2026 година по пауза од 16 години, откако во квалификациите за Мундијалот оствари пет убедливи победи.

Нов Зеланд славеше најпрво против Тахити со 3-0, па против Вануату со 8-1, Самоа го декласира со 8-0, па Фиџи го „потопи“ со 7-0 и на крајот со 3-0 ја „нокаутира“ Нова Каледонија.

Ова за Нов Зеланд ќе биде трет настап на Светските првенства, а посебно е импресивен начинот на кој се пласираа на Мундијалот.