Ништо од враќањето на Нејмар во Бразил, повик доби младата ѕвезда на Реал

Бразилецот Нејмар сепак нема да се врати во дресот на „Кариоките“ за претсојните натпревари против Колумбија и Аргентина.

Нејмар по повеќе од една година доби повик од селекторот Доривал Жуниор, но поради повреда мораше да го откаже учеството во овие два натпревари.

„Во изминатите денови по поивокот на 6 март докторскиот тим не извести за состојбата на: Данило, Нејмар и Едерсон. На нивно место повикани се Лукас Перл од Лион, Алекс Сандро од Фламенго и Ендрик од Реал Мадрид“, изјави селекторот на Бразил

Натпреварот против најголемиот ривал, Аргентина, Бразил го игра ноќта помеѓу четврто ки петок.