
Доминација на Мекларен на првите квалификации во новата сезона во Формула 1
За Британецот тоа е десетта пол-позиција во кариерата, а до неа дојде со време ос 1:15.096, за две десетинки подобар од својот тимски колега Оскар Пјастри. Најблиску до тандемот од Мекларен беше Макс Ферстапен, додека четвртото место го освои Џорџ Расел од Мерцедес.
Квалификациите беа исклучително возбудливи, а возачите на Мекларен беа незадржливи за останатите и клучната предност ја направија во последниот сектор. Иако Ферстапен беше лидер пред одлучувачките пресметки, прво Пјастри, а потоа и Норис се пробија пред него и не оставија ни најмал простор некој да ги загрози.
Најпријатно изненадување беше петтото место на возачот на Рејсинг Булс, Јуки Цунода, а на седмото место заврши Луис Хамилтон во првите квалификации откако се пресели во
Ферари.