Нејмар со две асистенции: Бразил ја совлада Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Бразил ја совлада Саудиска Арабија со 2-0 на пријателски натпревар одигра во Ријад. 

„Кариоките“ настапија со силен состав, а Нејмар беше играч на натпреварот иако не постигна гол. Тој асистираше за двата погодоци. Прво за Габриел Жесус, а потоа и за Алекс Сандро.