Нејмар емотивно ја прослави победата против Костарика (ФОТО)

Капитенот на Бразил даде гол во продолжението на 90. минути за победа од 2-0, а потоа емотивно ја прослави победата.

Нејмар не се покажа најдобро на првиот натпревар против Швајцарија, но затоа на вториот успеа да се поправи и тоа со гол, а по последниот судиски свиреж почна да плаче како мало дете.