Не го интересираат критиките: Инфантино се кандидираше за нов мандат

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ќе се бори за нов мандат на чело на Светската фудбалска организација и покрај критиките кои ги добива во последниот период.

Неодамна УЕФА отворено влезе во конфликт со ФИФА, токму поради начинот на кој Инфантино ја води федерацијата.

Ќе потсетиме, тој имаше обид да ги продаде правата на Светското првенство на приватни инвеститори што предизвика голем револт кај најголем дел членки на организацијата.

„Ништо не се промени, господинот Инфантино ќе се кандидира за нов мандат“, потврди ФИФА.

Според правилата за официјалната кандидатура потребно е поддршка од најмалку 106 национални федерации, а рокот за поднесување истекуван а 18-ноември. Инфантино засега е единствениот потврден кандидат.

Фото: FIFA