На новиот стадион на Евертон нема црвен кечап, а причина е големиот ривал

Ривалството помеѓу Евертон и Ливерпул е едно од најголемите во светот на фудбалот, а сега добивме уште една интересна потврда дека е така.

Помеѓу навивачите на овие два клуба речиси и никогаш да немало судири и инциденти, но истото се одржувало на теренот и се внимава на деталите.

Така сега на новиот стадион на Евертон каде што веќе се играат пробни натпревари не можете да добиете кечап во неговата вообичаена црвена боја. Причината секако е што тоа е бојата на големиот ривал.

Поради тоа хот-дог на овој стадион се јаде со син кечап и тој стана вирален во последните денови на социјалните мрежи. Станува збор за кечап кој има ист вкус како „обичниот“, но бојата е промената со емулгатор Е133.