Баерн Минхен реши уште една задача на патот кон титулата во Бундеслигата!

Баварците сигурно маршираат кон враќање на шампионската титула, на седум кола до крајот имаат шест бода предност над Леверкузен откако денеска со 3-2 го совладаа Сент Паули.

Хари Кејн уште во 17. минута постигна гол за водство на Баерн од 1-0, но десет минути подоцна Саад изедначи на 1-1.

По осум минути игра во второто полувреме Сане ја врати предноста на Баерн, а истиот фудбалер во 71. минута по асистенција од Кејн погоди за 3-1.

До крајот на мечот Рицка успеа само да постигне гол за конечните 3-2 за Баерн Минхен.

Лајпциг со 1-0 загуби на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и падна од позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Најубедлив беше Вердер кој со 3-0 славеше кај Холштен Кил, гостински триумф обезбеди и Хајденхајм откако со 1-0 славеше кај Волфсбург. Немаше голови на дуелот меѓу Хофенхајм и Аугсбург 1-1.