Атлетико го губи чекорот со Барса и Реал, одигра само реми кај Еспањол! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид не успеа да победи на гостувањето кај Еспањол, одигра само 1-1 и полека се збогува со шансите за титулата од Ла Лига.

Тимот на Симеоне беше подобар противник, но не успеа да го освои целиот плен од Барселона.

Атлетико поведе со гол на Асипилкуета во 38. минута од натпреварот.

Еспањол дојде до бод со гол на Пуадо од пенал во 71. минута.

Атлетико Мадрид сега има шест бода помалку од Барселона и три помалку од Реал Мадрид, но и меч повеќе од нив.