Веќе нема дилеми, Шчесни ќе потпише нов договор со Барселона!

Двете страни се согласни за продолжување на соработката, остануваат уште мали детали за таа да биде формализирана.

Речиси и да е постигнат вербален договор меѓу Војчех Шчесни и Барселона за продолжување на соработката.

Остануваат уште мали детали за договорот да биде ставен на хартија и да биде потпишан од двете страни.

Се работи за договор кој ќе биде со трајност до јуни 2026 година.