Мусиала: Барселона е мојот омилен тим, а Меси најголем херој
Договорот на Мусиала истекува на крајот од наредната сезона, а во меѓувреме во изјава за „Билд“ не крие дека Барселона е тимот за кој навива уште од детството.
„Барселона е мојот омилен тим. Имам дрес од Меси, а како дете секогаш носев дрес со неговото име на грбот. Исто така имав и од Нејмар, меѓутоа Меси беше мојот најголем херој. Средниот ред со Чави, Иниеста и Бускетс беше нешто фантастично. Колку и да ги гледав нивните натпревари никогаш не ми беше досадно“, изјави Мусиала за „Билд“.
Исто така Мусиала истакна и дека засега не може да им вети на навивачите дека сигурно ќе ја продолжи соработката.
„За жал не мжам на навивачите да им ветам таков подарок за Божиќ. Нема да има било какви вести околу тоа прашање во блиска иднина. Играме голем број натпревари, цело време патуваме и мојата главна цел е да се сконцентрирам на своите настапи на теренот“, истакна германскиот фудбалер.