Мурињо предупреди: Промашениот пенал ќе влијае лошо на Меси!

Аргентина одигра реми (1-1) со Исланд на почетокот на групната фаза на Светското првенство во Русија.

Аргентинските навивачи ги критикуваа своите репрезентативци, а бидејќи не реализираше пенал, Лионел Меси беше трагичар на мечот.

„Тоа е нормално. И Меси е само човек, имаше лош ден“, го бранеше Серхио Агуеро по мечот.

Сепак, влијанието на промашениот пенал се обиде да го анализира и Жозе Мурињо.

„Кога на Светското првенство ќе промашите пенал во момент кога на вашата селекција ѝ треба најмногу гол, тогаш последиците се големи. Најдобрите играчи имаат проблеми со емоции. Убеден сум дека промашувањето стресно ќе влијае на Меси. Се обиде да го води тимот до победа, но не можеше да им помогне на своите соиграчи“, вели Мурињо.