Меси збесна по поразот: Суарез го влечеше за да не направи скандал! (ВИДЕО)

Интер Мајами доживеа пораз на гости кај Алос Анџелес со 3-0 на почетокот од новата сезона во МЛС лигата, а поразот донесе големо незадоволство кај Лионел Меси.

Аргентинецот беше бесен по загубениот натпревар, па сакаше и да расчисти некои сметки со судиите на дуелот. Меси тргна по судиите кога тие влегоа во соблекувалната, меѓутоа Луис Суарез кој остана присебен не дозволи неговиот соиграч и пријател да направи некаков инцидент.

Во второто коло Меси и друштвото првата победа во сезоната ќе ја бараат против екипата на Орландо сити.