Српската пејачка Бресквица е виновна за кризата во „бракот“ на Лука Дончиќ (ФОТО)
На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека Дончиќ и неговата свршеница Анамарија не се во добри односи, а во целата приказна беше вмешана и популарната српска пејачка Бресквица. Повод за лавината реакции беше фотографија што пејачката ја објави на Инстаграм, на која позира во краток црн фустан, а која ѝ се допаднала на ѕвездата на ЛА Лејкерс што веднаш го привлече вниманието на јавноста.
Токму тој лајк беше доволен за корисниците на социјалните мрежи да почнат детално да го анализираат приватниот живот на словенечкиот кошаркар. Според неофицијалните информации што кружат, Дончиќ и Глотес, кои имаат две ќерки, се разделени веќе неколку месеци. Наводно, нивната врска се распаднала уште додека Анамарија била бремена со второто дете, поради што најголем дел од тој период го поминала во Словенија, каде што и се породила.

Се наведува дека ниту раѓањето на втората ќерка не придонело за подобрување на односите, па Дончиќ дошол во татковината само за породувањето, а по враќањето во САД повеќе не се сретнале. Дополнително внимание предизвика и фактот што Анамарија во меѓувреме објавила околу 40 фотографии на Инстаграм, на кои Дончиќ не се појавува, ниту пак оставил лајк на некоја од нив.
Од друга страна, словенечкиот ас во истиот период бил многу поактивен со лајкови на профилите на познати инфлуенсерки и пејачки, меѓу кои најмногу се истакна токму Бресквица. Како дополнителна индиција за заладените односи, во јавноста се појави и информација дека Дончиќ сака постарата ќерка Габриела да живее со него во Лос Анџелес, што уште повеќе ги засили шпекулациите дека врската меѓу него и Анамарија Глотес е во сериозна криза.