Одеднаш станува жешко: Сити на два бода од Арсенал (ВИДЕО)
„Топчиите“ утре ги очекува меч со Тотнем на гостински терен и притисокот ќе биде на нивна страна откако Сити денеска го победи Њукасл со 2-1. На три месеци пред крајот на сезоната, борбата за титулата е пожива од кога било и сигурно ќе има голема драма.
Трите гола од денешниот натпревар беа постигнати во првото полувреме, а херој на Сити беше Орајли кој ги постигна двата гола. Практично, се што беше важно се случи од 14. до 27. минута. Орајли отвори на асистенција на Мармуш, Хол израмни, а Орајли го врати Сити во водство на додавање на Халанд што подоцна се покажа конечпен резултат.
„Граѓаните“ беа нешто подобри во останатиот дел од мечот и успеаја да го сочуваат водството што ги враќа во борбата за шампионската титула.