Трајковски од слободен удар ја запечати победата на Локомотива над Осиек (ВИДЕО)

Локомотива Загреб славеше со 3-1 против Осиек во 23. коло од хрватскиот шампионат, а македонскиот интернационалец Александар Трајковски постигна прекрасен гол од слободен удар.

Осиек прв ја затресе мрежата на противникот, и тоа преку Миколчиќ во 45. минута од натпреварот, по што Локомотива се разбуди во вториот дел од натпреварот.

Локомотива погоди во 51. минута за 1-1, а потоа Стојаковиќ стрелаше за целосен пресврт во 66. минута, додека Трајковски ја запечати победата со прекрасен гол од слободен удар во 83. минута.

По 23 одиграни кола, Локомотива е на седмата позиција со 29 бодови, додека Осиек е последен со 17 поени.