Интер го скрши Лече и ја зголеми предноста пред Милан (ВИДЕО)

Лече даде огромен отпор против Интер, но на крајот загуби од лидерот во Серија А со 0-2 во 26. коло од италијанскиот шампионат.

Интер за првпат ја затресе мрежата на Лече во 51. минута, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.

Домаќините успешно се бранеа во продолжение, сè до 75. минута кога Интер успеа преку Михтарјан и Аканџи во краток период да ги постигне двата погодоци за победа од 2-0.

Интер е прв на табелата со 64 бодови, односно 10 поени повеќе од градскиот ривал Милан.