Осасуна ја запре победничката серија на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна триумфираа против Реал Мадрид со 2-1 во 25. коло од шпанската Ла Лига и ја прекинаа победничката серија на лидерот.

Будимир од пенал во 38. минута ја затресе мрежата на Куртоа и донесе предност од 1-0 на домаќинот.

Винисиус Жуниор во 73. минута успеа да стрела за 1-1, по што „кралевите“ се надеваа на целосен пресврт, меѓутоа Гарсија ги шокира со погодок на истекот на регуларните 90 минути.

Осасуна е на деветтата позиција со 33 бодови, додека Реал Мадрид сè уште е лидер со 60 поени.