Петти триумф по ред за Сараево: Ристовски и Елези стрелаа против Посушје (ВИДЕО)

Македонските фудбалери Стефан Ристовски и Агон Елези одиграа важна улога во новата победа на Сараево во босанскиот шампионат над Посушје со 3-0.

Ристовски по 15 минути игра го отвори резултатот за Сараево, по што Елези погоди во 33. минута за предност од 2-0.

Купресак беше стрелец на третиот гол за поранешниот босански шампион во победата од 3-0 над Посушје.

Сараево се наоѓа на третата позиција во лигата со 38 бодови, додека Посушје е на осмото место со 21 поен.

Фото: Facebook/FK Sarajevo