Одлично почна годината за Алкараз - два турнира, две титули
Првиот светски рекет освои двојно повеќе поени од својот ривал во натпревар со што ја „оштети“ публиката желна за спектакл од двајцата тенисери кои покажаа најмногу во Катар. Немаше никаква неизвесност, за првиот трофеј на Шпанецот во Персискиот Залив, а втор оваа сезона во вториот турнир на кој настапи.
Неодамнешниот победник на Австралија Опен не му дозволи на Французинот ниту една можност за брејк, па фрустрацијата на 40. тенисер во светот кулминираше со кршење на рекетот кон средината на вториот сет. Дури и ескалацијата на гневот не му помогна да се изедначи со Карлитос во остатокот од натпреварот кој траеше практично колку училишен час - по тенис.
Ова е 12. победа за седумкратниот Гренд слем шампион од почетокот на сезоната, како и 26. АТП трофеј во кариерата. Во Доха тој загуби само еден сет и тоа против Карен Хачанов во четвртфиналето.