Јубилеј за Роналдо: Постигна 500 гола откако наполни 30 години

Годините за Кристијано Роналдо се само бројка, а тоа го покажа и во последниот натпревар за Ал Наср во кој дојде до бројката 500 гола во кариерата.

Ронлдо вкупно сега има 964 гола со што продолжи да чекори кон својата голема цел, а тоа се 1000 голови на официјалните натпевари.

Но, кај Роналдо е посебно забележително што е исклучително ефикасен по 30 години. Откако влезе во четвртата деценија од животот Ронлдо постигна 162 гола за Реал Мадрид, 116 за Ал Наср, 101 за Јувентус, 91 за Португалија и 27 за Манчестер јунајтед.

Кога е денешниот натпревар на Ал Наср, Роналдо и друштвото славеа над Ал Хазем со 4-0, Португалецот беше стрелец на два погодоци и двата по асистеција од Коман.