Трагедија во САД: Почина ѕвезда од НФЛ лигата - си пукал во глава!

Американската спортска јавност ја потресе веста дека поранешниот НФЛ играч, Рендал Мур, починал на 25-годишна возраст, откако бил пронајден мртов во саботата навечер во сојузната држава Индијана.

Началникот на полицијата во Њу Олбани, Тод Бејли, изјави дека постои сомнеж дека станува збор за самоубиство со пукање во глава, а истрагата продолжува. Мур беше избран во втората рунда на НФЛ драфтот по настапите за Универзитетот Пердју. Првите три сезони во професионалната лига ги помина во тимот на Аризона Кардиналс, но во 2024 година се здоби со сериозна повреда на коленото за време на подготовките и не одигра официјален натпревар таа сезона. Лани се обиде да ја рестартира кариерата со Минесота Вајкингс, но повторно се повреди уште на првиот подготвителен натпревар. Неговиот поранешен тренер од Универзитетот Пердју, а денес тренер на Луисвил, Џеф Бром, се прости од Мур со емотивна порака.

„Сите го сакавме Рендал. Неговиот насмев и натпреварувачки дух беа препознатливи. Тој секогаш сакаше да остави позитивен впечаток кај секој со кого ќе се сретнеше“, изјави Бром.

Неговата смрт повторно го отвори прашањето за менталното здравје кај професионалните спортисти и предизвиците со кои се соочуваат по сериозни повреди и прекини во кариерата.