Шок на стартот во МЛС: Меси и Интер поразени во првиот меч како шампиони (ВИДЕО)
Лионел Меси го одигра целиот натпревар, но гостите од Флорида и покрај тоа немаа решение за мотивираниот домаќин, кој со дисциплинирана и ефикасна игра ја заслужи победата. Лос Анџелес до водство стигна во 38. минута, кога Мартинез ја затресе мрежата на Интер Мајами. Сите дилеми околу победникот беа решени во финишот од мечот. Најпрво Бунга во последните дваесетина минути зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Ордаз, кој погоди во самиот финиш на натпреварот.
За Интер Мајами, ова беше неочекуван и болен старт на новата МЛС-сезона, додека Лос Анџелес испрати јасна порака дека и годинава има високи амбиции.
ФОТО: X / @InterMiamiCF