Реал е зависник од пеналите, кога нема пенал - нема ни победа
Претходно, „кралскиот клуб“ беше во серија од осум победи во Ла Лига, како резултат на што ја стигне негативата од четири бода во однос на Барселона и застана на челната позиција. Тимот од Каталонија денеска го пречекува Леванте што е добра шанса да се врати на победнички патеки и повторно да го претекне својот најголем ривал.
Она што е особено интересно за Реал Мадрид е што оваа сезона не може да победи ако судијата не им досуди пенал во натпреварот. Барем така вели статистиката. Вицешампионот на Шпанија претрпе девет порази од летоска и немаше пенал во своја корист во ниту еден од тие натпревари. Уште на два се спасил од пораз, но не успеал да победи и тие два меча завршија нерешено. Билансот на Реал на 11. натпревари на кои не добил барем еден пенал изнесува 0-2-9.
Реал немаше пенали во дуелите против ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Селта, Барселона (во Суперкупот), Албасете, Бенфика и Осасуна, додека ремизираше на гости против Рајо Ваљекано и Елче. Интересно е тоа што во првенствениот натпревар против Барса, на Реал му беше досуден пенал, но Мбапе не го искористи, а мадридскиот тим сепак победи со 2-1.
Навивачите повторно пишуваат од синоќа дека без досудени пенали, Реал Мадрид секогаш има проблем, а интересно е што на „кралскиот“ клуб му се досудени дури 17 пенали во сите натпреварувања оваа сезона, што е убедливо најмногу во топ-5 лигите во Европа.