Ужасна статистика: Ѓокереш против најдобрите не може ниту да шутне кон гол!

Кога минатото лето за дури 67 милиони евра пристигна во Арсенал како големо засилување, практично „украден“ пред носот на Манчестер јунајтед, очекувањата беа огромни, но денес неколку месеци подоцна неговиот трансфер изгледа како промашување. 

На хартија, бројките не изгледаат катастрофално. Напаѓачот постигна осум голови во 25 настапи во Премиер лигата, односно вкупно 13 погодоци на 35 натпревари во сите конкуренции. Но статистиката често знае да даде погрешна слика, па кога ќе се погледне пошироката слика Артета дефинитивно има за што да биде загрижен. 

Податокот што ја менува целата перцепција е навистина поразителен. Против екипите од топ 10 на табелата, Ѓокереш има само еден единствен удар во рамките на голот  и тоа не од игра, туку со глава по прекин против Њукасл, удар што беше лесен плен за противничкиот голман.

За фудбалер платен 67 милиони евра, оваа статистика звучи навистина шокантно, бидејќи токму против најголемите ривали најдобрите треба да ја покажат својата вредност. 

Арсенал во овој момент е лидер во Премиер лигата, меѓутоа предноста во однос на Манчестер сити е само два бода.