Сити го трола Јунајтед: Време е за шишање (ФОТО)
Последниот пораз во првенството, „граѓаните“ го доживеаја на 17 јануари од Манчестер Јунајтед кога загубија со 0-2, но токму на градскиот ривал му беше упатена порака по триумфот против Њукасл.
„Време е за потстрижување“, напиша администраторот на профилот на Сити на Твитер, алудирајќи на ветувањето на навивачот на Јунајтед, Френк Илет дека нема да ја шиша косата додека неговиот омилен тим не „врзе“ пет победи во сите натпреварувања.
Сега, со идентичен број натпревари, Манчестер Сити има два бода помалку од лидерот Арсенал и борбата за шампинскиот трофеј се вжештува, на 11 кола пред крајот на сезоната.