Можеше да му ја скрши ногата - фудбалер на Торино направи старт за во затвор! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Џенова со убедливи 3-0 славеа против Торино во денешниот прв натпревар 26. коло во Серија А.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога домаќините постигнаа два гола, a во завршницата од овој период видовме и еден брутален старт по кој Емирхан Илхан заработи директен црвен картон.

Од зад грб тој со отворен ѓон стартуваше врз Лоренцо Коломбо кој во оваа ситуација можеше и сериозно да биде повреден. Во вториот дел Џенова сигурно го чуваше резултатот, а конечните 3-0 ги постави Месијас.