Македонец со порториканска крв од Њујорк растура во дресот на Ц. Звезда!
Сепак, македонската кошаркарска јавност можеше на дело да види еден интересен играч во редовите на „црвено-белите“. Особено во второто полувреме од финалниот меч се истакна Александар Зунзуровски, 14-годишен плејмејкер, роден во Њујорк, но со потекло од Македонија. Неговиот татко со идентично име и презиме пред четврт век играше во македонското кошаркарско првенство, во дресот на Работнички по што замина за Германија, а потоа уште млад ја заврши кариерата поради тешки повреди и операции. Мајката на помладиот Зунзуровски е од Порторико, а тој има американско државјанство затоа што е роден во Њујорк.
Зунзуровски игра во пионерскиот тим на Црвена Звезда од почетокот на оваа сезона, во српското првенство има одличен ефект и постигнува во просек по 20 поени на натпревар со што го привлече вниманието и на други европски клубови. За Македонија, најважното прашање е дали има можност да ги брани боите на државата, односно да игра за некоја репрезентација.
Според информациите, постапката за добивање македонски пасош е во тек и можеби ќе биде завршена пред крајот на оваа сезона зо што Зунзуровски би можел да игра за кадетската репрезентација претстојното лето. Минатите години тој бил повикуван на кампови и селективни тренинзи, но поради тоа што немал пасош, не доби шанса да заигра во репрезентациите.