Шкендија со убав гол на Зејнулаи го урна Силекс во Кратово (ВИДЕО)

Екипата на Шкендија со гол во финишот го урна Силекс во Кратово со триумф од 2-1 и така не дозволи Вардар да ја зголеми предноста на врвот по ова коло.

Силекс беше цврст противник на тешкиот терен за игра во Кратово, иако Шкендија прва дојде до водство со голот на Фабрис Тамба по 17 минути. Кратовчани сепак тоа не ги откажа и во финишот од првиот дел преку Бутуровиќ го израмнија резултатот на 1-1.

Во вториот дел Силекс беше подобар противник, создаде повеќе шанси пред голот на гостите, а кога не ги искористија своите шанси стигна казната во самата завршница.

Херој на тетовскиот тим беше Зејнлауи кој во 89. минута со убав гол со удар од далечина обезбеди важни три бода за Шкендија. Така Шкендија се врати на заостанување од шест бода во однос на Вардар, но и побегна на Струга која викендов ремизираше и избраниците на Беќири имаат три бода предност.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)