Ништо ново од Шкупи, Арсими ги освои првите бодови по паузата (ВИДЕО)
Како и во најголем дел од натпреварите сезонава, Шкупи не покажа ништо, Арсими напаѓаше и констатно се играше пред голот на домаќините, а резултатот беше отврен уште во петтата минута со погодокот на Селмани.
По половина час игра, Гафури се погрижи за 2-0 и веќе стануваше јасно дека Шкупи и денеска нема да освои бодови. Конечниот резултат беше поставен по десетина минути од второто полувреме кога Селмани постигна и втор гол.
За Арсими ова беше прв триумф во вториот дел од сезоната, претходно тимот од Чегране забележа порази во натпреварите со Вардар и Брера.