
Меси се повреди, Интер Мајами имаше нов херој! (ВИДЕО)
Натпреварот почна загрижувачки за Интер Мајами, Меси се повреди во воведниот дел од мечот по што беше заменет, тимот остана без главната ѕвезда.
Но, американскиот тим успеа да поведе во 12. минута со прекрасен гол на Шеговија со шут надвор од шеснаесетникот.
Брзо потоа се случи нов проблем за Интер Мајами, во 17. минута Фалкон доби контроверзен црвен картон како последен играч. Дефанзивецот не направи ништо, па чудно беше како беше исклучен.
Предноста од играч повеќе ја искористија Мексиканците кои со гол на Бадалони во 33. минута го израмнија резултатот на 1-1.
По 15 минути игра во вториот дел силите пак беа израмнети. Калдерон заработи втор жолт картон.
Во 81. минута Монреал даде гол за комплетен пресврт и водство на Некакса од 2-1.
Кога се очекуваше дека Мексиканците ќе го добијат мечот, нискиот Алба погоди со глава за израмнување на 2-2.
Потоа се играа пенали кои ги доби Интер Мајами за победа во овој меч.
Но, победата на пенали им носи два, а не три бода во Лига Купот во кој учествуваат екипи Северна и Централна Америка.