Меси не размислува за пензија: Не ми се важни годините!

Лионел Меси вели дека не размислува за пензија, годините не му се важни, ќе се откаже кога ќе почувствува дека веќе не е на потребното ниво и не ужива во играта.

Меси во јуни ќе наполни 37 години, но уште не знае кога точно ќе ги „обеси копачките“.

„Пензија? Се чувствувам добро, ќе продолжам да играм“, вели Меси.

„За мојата пензија нема да биде важно колку години имам. Јас знам дали сум добар или не. Кога ќе сметам дека не можам веќе да играм на ниво или да уживам во натпреварите и да им помагам на соиграчите, тогаш ќе прекинам“.