Меси им подарил златни „Ајфон 14-ки“ на колегите од репрезентацијата! (ФОТО)

Ако зборовите не се доволни, Лионел Меси со дело покажа колку им е благодарен на соиграчите од аргентинската репрезентација и на целиот персонал, за поддршката која ја доби во шампионскиот поход на Светското првенство во Катар.

Аргентинскиот капитен нарачал 35 телефони „Ајфон 14“, сите специјално дизајнирани во златна, 24-каратна рамка, со грбот на Аргентина изгравиран на задната страна. Покрај грбот, секој телефон имал име и бројка, посветен специјално за секого. 

Проценката е дека Меси потрошил околу 210.000 долари за да го обезбеди овој скап подарок. Се разбира, има и негативци и критичари во целава приказна. Зошто Меси сега им купува „Ајфон 14“, кога за некој месец треба да излезе „Ајфон 15“.