Maнчестер јунајтед продолжува да се брука: Изгуби од тим кој првпат играше заедно! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед по една од најлошите сезони во својата историја замина на подготовки во Малезија каде што веднаш запиша нов пораз.

На првиот тест избраниците на Рубен Аморим во пријателски натпревар се соочија со селекција составена од најдобрите фудалери од земјите во југоисточна Азија кои за првпат заиграа заедно и беа поразени со 1-0.

Во комплетниот натпревар Манчестер јунајтед не успеа да создаде ниту една посериозна прилика за гол. 

На крајот, единствениот гол на натпреварот го постигна капитенот на Мјанмар, Маунг Маунг Лвин, во 71. минута, по прецизен удар по асистенција од Адријан Сегечиќ, член на младите селекции на Австралија кој има потекло од Хрватска.

Манчестер Јунајтед ќе ја продолжи азиската турнеја со меч против репрезентацијата на Хонг Конг на 30 мај, но веќе сега клубот е мета на потсмев и критики и од навивачите, и од фудбалската јавност.

Фото: Manchester United/FB