Манчестер јунајтед ќе се засилува со брат на ѕвезда на Реал Мадрид

На Манчестер јунајтед не му оди ниту оваа сезона, па се очекува клубот повторно да прави промени во играчкиот кадар во текот на летниот преоден рок.

Едно од имињата кои се споменуваат во јавноста е и Џоб Белингам, братот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

Помладиот Белингам игра во Чемпионшип и во дресот на Сандерленд пркажува одлични настапи со што го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“.

За разлика од својот брат, Џоб е фудбалер кој игра по дефанзивно, но сезонава постигна четири гола и додаде три асистенции.