Нема да успее жалбата на Осасуна, Барселона ќе ги задржи трите бода

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Осасуна нема да успее во намерата да добие службена победа против Барселона, клучен е еден детаљ односно тоа што Фудбалската федерација на Шпанија го ослободила играчот.

Барселона синоќа со 3-0 ја совлада Осасуна, но веднаш по натпреварот се појавија информации кои велеа дека гостите ќе бараат службена победа.

Тие го спорат настапот на Ињиго Мартинез, и се повикуваат на едно правило кое вели дека фудбалер кој поради повреда нема да настапи за репрезентацијата, нема право да настапи за својот клуб пет дена по последниот натпревар на репрезентацијата.

Ова не беше испочитувано во ситуацијата на Ињиго Мартинез, па Осасуна се надеваше дека на зелена маса ќе стигне до трите бода.

Сепак, како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Осасуна нема да успее во намерата, клучен е е еден детаљ.

Правилото од пет дена не важи доколку Федерацијата го ослободи играчот, и токму тоа се случи со Ињиго Мартинез.

Дефанзивецот се повреди на 16. март, собирот на Шпанија беше на 17. март, и Ињиго Мартинез веднаш беше ослободен, а Деан Хијсен беше повикан на негово место.

Па поради ова, Осасуна нема основа на која може да побара службена победа.