ФК Рокдејл Илинден од Сиднеј собра 90.000 долари за помош на жртвите во Кочани (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Рокдејл Илиндeн на македонската заедница во Сиднеј соопшти дека заедно со своите партнерски организации и поддржувачки друштва успеале да соберат 87.100 долари за семејствата на жртвите и повредените во трагичниот пожар во Кочани.

Во наредните денови, сите собрани средства ќе бидат префрлени директно на банкарските сметки на погодените семејства. Од клубот истакнаа дека овој голем хуманитарен потфат не би бил можен без поддршката на бројни корпоративни партнери, чии имиња немаат намера да ги откријат.

Рокдејл Илиндeн ФК изрази благодарност до сите навивачи и членови кои присуствуваа на минатонеделниот натпревар и донираа за оваа значајна цел.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата и најблиските на загинатите во оваа трагедија“, порачаа од клубот.

Рокдејл Илинден е дел од една од второлигашките лиги во Австралија каде што во моментов по седум кола е на третата позиција на табелата со 14 бодови.