Баерн Минхен ќе ја тужи Канада поради повредата на Алфонсо Дејвис!?

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис ги повреди лигаментите на меч за кандаската репрезентација, од германскиот клуб се бесни поради начинот на кој загубија значаен играч.

Дејвис ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и од шест до девет месеци ќе биде надвор од теренот.

Во Баерн Минхен размислуваат да ја тужат Фудбалската федерација на Канада затоа што сметаат дека немало потреба Дејвис да игра со оглед на тоа што веќе се жалел на болки, а пресметката против САД немала спортско значење со оглед на тоа што таа беше меч за третото место во КОНКАКАФ Лигата на нации.

„Неприфатливо е играч кој се жалел на болки да биде стартер на натпревар кој нема големо спортско значење. И не само тоа, потоа го испратија на лет дол 12 часа без соодветна медицинска грижа“, велат од таборот на Баерн Минхен.