Малку фалело Меси да игра за Шпанија, ама еден човек не дозволил такво нешто!

Најдобриот аргентински фудбалер и ѕвездата на Барселона, Лионел Меси целата своја кариера ја минува во Барселона, прво откако дојде во славната школа „Ла Масија“, а од неговото деби, веќе деценија ипол е фудбалската суперѕвезда која ги воодушевува милионите заљубеници во фудбалот.

Меси е репрезентативец на Аргентина, кој има два трофеи само со „гаучосите“ и тоа во младинските категории. Стана светски првак до 20 години во 2005, а три години подоцна на ЛОИ во Пекинг и олимписки шампион. Но, главни пехари од Копа Америка или Мундијал – нема.

И многумина се прашуваат како Шпанија не успеала да го убеди да игра за „црвената фурија“. Одговорот е дека имало голем обид, речиси и поканата да била прифатена, но еден човек спречил сè – таткото на Меси.

Меси имал покана да почне да игра за Шпанија во 2003 година, кога младата селекција до 17 години на „црвената фурија“ со Сеск Фабрегас играше во Финска. Тогаш федерацијата РФЕФ се обидела да го убеди Меси да заигра за нив. Но, биле одбиени од таткото на Меси и тоа откако во Каталонија дошол Марсело Биелса.

Актуелниот шеф на нашиот Егзијан Алиоски во Лидс тогаш се сретнал со Биелса и го убедил дека е време Меси да игра за Аргентина. Аргентинците кога сфатиле дека Шпанија би можела да им го украде, после само една снимка сфатиле за каков бисер се работи и веднаш го повикале во националниот тим до 17 години.

Оттогаш Меси игра за Аргентина, но многумина веруваат дека ако прифател да игра за Шпанија, сè би било поинаку – Меси би имал светска титула, сигурно и европаска, а на сите индивидуални награди и трофеи без сомнение би го прогласиле за – најдобар фудбалер на сите времиња.