Турците ќе нѐ нагостат на стадионот на Фенербахче, едвај го чекаат Елмас
Станува збор за Турција која ќе го пречека нашиот национален тим на 1 јуни, на стадионот „Шукру Сарачоглу“, домот на Фенербахче. Терминот на одигрување на овој натпревар дополнително ќе биде одреден и обзнанет. Навивачите на Фенер со нетрпение очекуваат да го видат нивниот миленик Елиф Елмас кој играше за овој клуб од 2017 до 2019 година и остави фантастичен впечаток.
За турската репрезентација ова ќе биде последен тест и практично збогување со своите навивачи пред заминувањето во САД. Таму, на 6 јуни, Турците ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, против Венецуела во Форт Лодердејл.