Кризата на Стемфорд Бриџ доби нови димензии: Шести пораз по ред, нема ЛШ за Челси (ВИДЕО)
Последниот триумф на „сините“ датира од 4 март кога ја совладаа Астон Вила, а по денешниот дебакл стана јасно дека Челси повеќе нема шанси за пласман во Лигата на шампионите идната сезона. Поразот дополнително добива на значење бидејќчи Нотингем Форест истрча на Стемфорд Бриџ со преполовен состав затоа што гостинскиот менаџер им даде одмор на главните играчи пред реванш полуфиналниот меч од Лигата Европа.
Нотингем Форест поведе со 2-0 по само 15 минути игра откако погодија Авонији и Игор Жезус од пенал. Палмер можеше пред крајот на полувреме да намали од белата точка, но гостинскиот голман го одбрани неговиот удар. Авонији стави точка во 52. минута, Жоао Педро во судиското продолжение со атрактивен погодок само се погрижи да биде запрена серијата од пет натпревари без гол на Челси.
Лондонскиот тим сега е на деветтото место со 48 бода, четири помалку од Борнмут на три кола пред крајот на сезоната. Нотингем Форест е се подалеку од зоната за испаѓање и се чини дека со уште една победа ќе го обезбеди опстанокот.