Тиквеш на дисциплинска поради кореографијата на неговите навивачи!
Имено, на дуелот помеѓу Тиквеш и Арсими на трибините беше истакнат транспарент со навредлива содржина за федерацијата и поради тоа отворена е постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија. Исто така е забележано дека од трибините биле фрлани пиротехнички средства на теренот.
„На натпреварот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку официјалниот спикер. Поради овие случувања, против клубот е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ“, објави ФФМ.
Претходно денеска и првиот човек на Тиквеш, Митко Јанчев се огради од критиките на навивачите кон федерацијата.