Репрезентативецот Фетаи кршел во соблекувалните во Кратово!
Инцидентите во Кратово се случувале по завршувањето на средбата кога репрезентативецот на Македонија и фудбалер на Шкендија, Имран Фетаи ја оштетил врата од службените простории удирајќи ја со него.
„На вториот натпревар, меѓу ФК Силекс АД Кратово – ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на натпреварот. Фудбалерот на гостинскиот тим ФК Шкендија, Имран Фетаи, оштетил врата од службените простории, удирајќи ја со нога. За настанот е направен и полициски записник и е земена изјава од играчот“, соопшти ФФМ.
Исто така е наведено дека тренерот, Јетон Беќири ги навредувал припадниците на МВР.
„Дополнително, шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадниците на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории“, додаваат од федерацијата.
Поради ваквите случувања, Комисијата за натпреварување на ФФМ отвори постапка против Шкендија, Фетаи и Беќири, а сите се предадени на Дисциплинската комисија која ќе одлучува за санкциите.
Шкендија е должна и најдоцна до 15 дена од одигрувањето на натпшреварот да постигне договор со Силекс надомест на штетата.