Ѓоковиќ имаше среќа, добро помина на ждрепката за Рим
Синер пред домашната публика ќе биде апсолутен фаворит за освојување на петтиот мастерс од почетокот на сезоната и задржување на стопроцентниот учинок, а на терен конечно се враќа и Ѓоковиќ. За српскиот тенисер кој во Рим ќе ја подготвува и формата за Ролан Гарос е добро што не може да се сретне со Синер пред финалето.
Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во второто ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Мартон Фучович и квалификант. Можни противници во третото коло му се Уго Амбер, Фабијан Марожан, Вит Коприва, а во осминафиналето Карен Хачанов, Артур Риндеркнеш, Ботик ван де Зандшулп.
Потенцијален ривал во четвртфиналето би му бил Лоренцо Музети, а во полуфиналето Александар Зверев. Во другата половина од ждрепката покрај Синер се уште Данил Медведев и Бен Шелтон.
Фото: Novak Djokovic/FB