Дебитантот на Челси изнесен на носилки по хорор судир со противнички играч (ВИДЕО)
Челси имаше корнер, а 19-годишниот дефанзивец на Нотингем, Зек Ебот во обид да расчисти, силно се судри со играчот на Челси, Џеси Дери. Притоа дојде до тешка повреда, па Дери, за кого ова беше деби натпревар во Премиер лигата, не можеше да стане речиси 10 минути. Откако му беше укажана лекарска помош, тој беше изнесен од теренот на носилки, а Абот исто така мораше да ја напушти играта поради повреда.
Судијата Ентони Тејлор покажа на белата точка, но искусниот белгиски голман Матс Селс го одбрани ударот на Кол Палмер и ја зачува мрежата на Нотингем во првото полувреме од натпреварот.