Србија повторно може да остане без селектор
Сè е сè уште далеку од разврска, но според најавите на шпанската „Марка“, стручњакот кој е роден во Македонија е на листата на желби на Хетафе. Желбата на клубот од Мадрид не е спорна, бидејќи Шпанците наведуваат дека Пауновиќ има отворена клаузула во договорот со Фудбалскиот сојуз на Србија според која може да замине во случај на понуда од клубовите што ги навел во договорот.
Тоа се Атлетико Мадрид, Овиедо, Мајорка, Тенерифе, Алмерија и, како што се истакнува, Хетафе. Сегашниот тренер на Хетафе, Хозе Пепе Бордалас би можел да го напушти клубот бидејќи му истекува договорот, а тој постојано нагласуваше дека не е задоволен од финансиската состојба.
„Марка“ истакнува дека, сепак, првата желба на челниците на Хетафе е да го ангажираат Фабио Челестини кој беше отпуштен од ЦСКА Москва овој понеделник. Оваа опција би ја спасила српската репрезентација од потрага по нов селектор, иако прашањето е што самиот Пауновиќ мисли за сè.