Челси со нови детали по тешката повреда на младиот талент (ВИДЕО)
Дери беше изнесен на носилки по хорор судирот со противнички играч, а Челси по натпреварот објави детали за младиот фудбалер.
„Џеси е пренесен во болница по повредата на денешниот натпревар. Дери е свесен и комуницира, но мора да остане во болница како мерка за претпазливост поради сериозната повреда. Му посакуваме брзо опоравување“, соопшти Челси.