Лудница во Буенос Аирес: Пред „Монументал“ врие, навивачите на Бока пред хотел (ВИДЕО)

Неполни три часа пред епското реванш Суперкласико во кое влогот е најголем, јужноамериканска титула, Буенос Аирес веќе е на нозе и зоврива атмосферата пред мечот на векот помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

Сооглед дека нема гостински навивачи, приврзаниите на Бока ќе мора да го гледаат мечот на телевизија, ама за да ги мотивираат дополнително своите миленици, во огромен број се собраа пред хотелот и направија лудница. До последен момент им покажаа на фудбалерите дека се со нив и дека очекуваат радост вечерва и најпрестижниот јужноамерикански трофеј.

Од друга страна, мечот на „Монументал“, домот на Ривер веќе е опседнат од илјадници навивачи облечено во црвено-бели дресови, кои се загреваат за претстојниот меч и ја зовриваат атмосферата која се очекува да биде пеколна за Бока од 70.000 грла со цел Ривер да се круниса за континентален владетел.

Ривер има 2-2 од првиот меч на „Бомбоњера“, а вечерашниот меч стартува во 21 часот по македонско време.