Легендарниот Роналдињо уапсен во Парагвај поради лажен пасош

Поранешниот најдобар светски фудбалер Роналдињо и неговиот Брат Роберто вчера биле уапсени во Парагвај поради поседување на лажни парагвајски пасоши. 

Двајцата биле задржани во резорт во Парагвај, а во нивната соба биле пронајдени лажните пасоши според кои двајцата биле од парагвајска националност. Фактот дека Роналдињо има забрана да го напушти Бразил и одземен му е пасошот, многу лесно е да се утврди неговата вина.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона и Милан во ноевмри 2018 година остана без бразилскиот пасош, бидејќи доби казна од 8,5 милиони евра од Судот поради прекршување на закон за екологија во својата татковина. Роналдињо и неговиот брат во 2015 година изградиле нелегална стапица за риби на езерото Гуаиба без потребната документација. Откако двајцата не ја платија казната, Судот им ги одзема патните исправи.