Комплетиран најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал (ВИДЕО)

Aмериканканската фудбалерка Наоими Жирма (24) го комплетираше трансферорт во редовите на Челси, потврди англискиот клуб.

Жирма од САД се пресели во Челси и потпиша договор на четири ипол години за оштета од 1.1 милиони долари (1.05 милиони евра) со што стана најскапата фудбалерка во историјата.

Досегашниот рекорд изнесуваше 862.000 долари колку што плати Бај ФК во април 2024 година за 24-годишната репрезентативка на Замбија, Рејчел Кунданани.

„Има многу работи поради кои дојдов тука - културата, победничкиот менталитет, соиграчите и целата атмосфера. Опкружувањето е фантастично за учење и развивање“, изјави младата фудбалерка.

Со доаѓањето на Жирма Челси очекува сериозно да ја зацврсти последната линија од тимот.